Здраво до сите! :) Оваа страна ја
направив бидејќи имам потреба од ваша помош,
т.е. помош од некој што знае некои работи, а јас не ги знам. Во главно се три
проблеми, кои сега ќе ги објаснам и многу ќе бидам благодарен на тој (тие) што
ке ми излезат во пресрет.
-Донче
|
Прв проблем ми е насловната страна, кај
што пишува "Guest
XXXXXX" ја сакам
тие бројките послем зборот, да се “генерираат“ сами, т.е. сами да излегуваат
во зависоност колку пати бил посетуван сајтот до тој момент.
Јас еднаш успеав да направам бројач, но тој беше со рамка и
некако со сликани броеви. Јас сакам plain text како
што е на сајтот. Моменталната состојба на тој “бројач“ е малку смешна бидејќи мене ми стигаат извештаи за посетеност од сајтот на e-mail еднаш неделно, и така јас сам ги менувам бројките :-) |
||
|
|
||
| Втора мака што неможам да ја средам е “Рекла-Казала“ рубриката, т.е. да направам ASP бази, нешто како Форум. Едноставно е, сакам да има 3-4 оддели во кои што би можеле читателита на мојот сајт, да оставаат некоја порака. Несакам да користам "Free" форуми, бидејќи ке има и реклами. Сепак поубаво е нешто со кирилица да се појави :) | ||
|
|
||
|
И третата идеа која ја имам за сајтот е
"Start"
менито од првата страна да се направи со Flash или
Java, или нешто друго... а од него да може од него да
се повикуваат сите линкови поединечно (главните) и Англиската или
Македонската верзија на сајтот.
(еве успеав да направам пример во Flash - но креативноста или знаењето не ми се доволни за да ја направам целата идеа) |
|
|
|
Благодарам однапред за сите оние што ќе покушаат или што ке ми помогнат во изработката и решавањето на проблемите околу страната :) Пишете, ве очекувам: donco@ilijoski.com.mk ЧАО! |
||